ВМРО-ДПМНЕ ќе има над 55 пратеници, тврди Николоски

ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедливо најдобар резултат којшто било која опозиција го освоила на избори, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

– Ако на пример до пред некоја недела бројките беа 53, 54, 55 пратеници, сега можам да кажам дека се 55-56 пратеници, а ништо чудно да одат и нагоре – рече Николоски.

Николоски истакна дека главната заложба на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе биде самостојно да формира влада за да не зависи од никого и да направи суштински промени во Македонија.

– За да направиме суштински промени во Македонија, ние мораме целосната постава на влада да смениме. Ниеден од овие два клучни партнери во владата не смее да е дел од следната влада. Инаку нема промени, да не се лажеме. Такашто и СДСМ и ДУИ треба да одат во опозиција ако сакаме промени – потенцираше Николоски.