Хуавеи лани го удвои профитот

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи денеска објави значително поголем профит и приход во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за компјутери и софтвери за автомобили.

Приходите на Хуавеи се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари). Нето добивката се зголеми повеќе од двојно на 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на Хуавеи беше неговиот оддел за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на Хуавеи во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност. Во одделот за потрошувачка електроника, приходите се зголемија за 17,3 отсто на 214,5 милијарди јуани.

Соединетите Американски Држави го отежнаа работењето на Хуавеи, забранувајќи го извозот на најсофистицираните чипови и опрема за нивно производство во Кина, а на тоа се приклучија и Холандија и Јапонија.

Најсилен раст минатата година забележаа „паметните решенија за автомобилскиот сектор“ на Хуавеи, чии приходи се зголемија повеќе од двојно, скокајќи на 4,7 милијарди јуани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот