Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, се наоѓа во одлична форма и со својот Уникс Казањ сигурно чекори во ВТБ лигата каде што моментно е лидер.

Токму поради тоа, Димитријевиќ е на добар пат да дојде до признанието најкорисен играч во лигата, награда која сигурно ќе ја добие ако неговиот Уникс остане на врвот на табелата.

  • Секако дека наградата МВП ќе заврши кај лидерот на тимот кој ќе го освои првото место, тоа е наше правило. Сега Уникс е број еден и ако го задржи наградата ќе заврши кај Димитријевиќ. Постигнува 30+ поени во натпреварите со директните конкуренти, многу е добар во игра заедно и ги води своите партнери во тешки моменти. Тој засега е фаворит, истакна генералната директорка на ВТБ лигата, Илона Корстин.

Исто така, за најдобар тренер во лигата конкурира и македонскиот стручњак, Емил Рајковиќ, кој со својата ЦСКА од Москва е главен фаворит кога е во прашање шампионската титула.