Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пораката која денеска на марш во Скопје ја испратија од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА е: „Маршираме храбро – 5 години видливост“.

Маршот се одржа во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица. Целта е, велат тие, да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.