Breaking News

Бундесверот испраќа 10.000 артилериски гранати во Украина


Германија ќе испрати 10. 000 артилериски гранати од сопствените резерви во Украина како дел од долгорочниот план во три фази, изјави генералот на Бундесверот, Кристијан Фројдинг.


Фројдинг во интервју за Дојче веле вели дека по првата, итна фаза, на среден рок ќе биде поддржана чешката иницијатива за испраќање уште повеќе муниција. „Ќе преземеме над 180.


000 парчиња муниција, кои се планирани да бидат испорачани од почетокот на летото до крајот на годината“, рече генералот.

На „подолг рок“, Германија, покрај чешката иницијатива, потпиша и билатерален договор со кој се предвидува испорака на уште 100. 000 артилериски гранати од четвртиот квартал годинава.


Фројдинг не сакаше да каже со која земја е склучен договорот за испорака.

Според Фројдинг, моменталната најитна потреба на Украина е „артилериска муниција, друга муниција и наведувани проектили за модерни системи за противвоздушна одбрана и оклопни борбени возила“.


Фројдинг во интервју за Дојче веле зборува и за обуката на украинските војници во Германија. Минатата година, 10.

000 припадници на вооружените сили на Украина беа обучени на германските воени полигони, а уште 3. 000 до 4. 000 луѓе ќе бидат обучени во првите месеци од 2024 година. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА