Седењето дома на изборите е глас за оние што ја уназадија Македонија, вели Мицкоски

Денеска праќаме јасна и недвосмислена порака да се излезе и да се гласа на претстојните избори затоа што седењето дома е глас за оние што речиси седум години не направија ништо, напротив, за однесоа Mакедонија наназад, изјaви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по потпишувањето на Повелбата за стратешко коалицирање наречена „Твоја Македонија“.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се фокусирани на позитивна кампања за разлика од власта, која, како што рече тој, е фокусирана на негативна, црна кампања.

„Сакаме пред граѓаните да излеземе со понуда и со решенија за проблемите што секојдневно ги чувствуваат. Конечно сакаме да ја вратиме надежта дека може да биде и поинаку и дека не се сите политичари и политики исти“, рече Мицкоски.

На денешната прес конференција ѝ претходеше потпишување на Повелбата за стратешко коалицирање наречена „Твоја Македонија“.