Најмалку четири лица ги изгубија животите во Шпанија во невремето кои погоди четири различни делови од земјата, јавува Анадолу.
Во Шпанија, која беше под влијание на ураганот Нелсон и порони дождови, четири лица се удавиле во морето, две во градот Тарагона на истокот на земјата и две во регионот Астуријас на северот.
Огромни бранови предизвикани од силен ветер уловиле 32-годишни кој се обидел да спаси 16-годишно момче, кое паднало во морето во Тарагона. Обајцата настрадале.
Во Астуријас е објаведно дека британски турист и жена паднале во морето и се удавиле во брановите високи и до осум метри.
Неповолните временски услови во Шпанија најмногу ги погодија регионите Астуријас, Кантабрија, Андалусија, Кастиља и Леон, Риоха, Галиција, Арагон, Екстремадура и Каталонија, а некаде брзината на ветерот достигнувала и до 90 километри на час.