Веспрем и ПСЖ поблиску до четвртфиналето во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/Szymon Labinski

Денеска во првиот натпревар од осминафиналето во ракометната Лига на шампионите во унгарската пресметка Веспрем славеше на гости против Пик Сегед со 37:30.

По првото полувреме ракометарите на Веспрем имаа три голови предност од 20:17, иако неколку пати доаѓаа и до „плус шест“ позитива.

Во победничките редови по седум пати во листата на стрелците се запиша Дескат и Ваилупау. На спротивната страна шест погодоци беа дело на Фримел, а пет постигна Гарсиандиа.

Потсетување дека победникот од овој двомеч во четвртфиналето ќе игра против данскиот Алборг.

Поблиску до четвртфиналната фаза е и екипата на ПСЖ која во Полска триумфираше со 30:26 над Висла Плоцк. Во победата најмногу придонесоа Шипжак и Пранди со по осум голови, а за поразените најрасположени со четири беа Зарабец и Крајевски.

Доколку францускиот тим ја одбрани предноста пред своите навивачи, за пласман на Ф4 турнирот ќе игра против Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот