Каевски: ВМРО-ДПМНЕ понуди кадри коишто се докажани кочничари

Пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски смета дека ВМРО-ДПМНЕ понуди кадри коишто не можат нисшто да променат, бидејќи најголем процент од оние кои се на листите, веќе се актуелни пратеници. Според него, тие луѓе ги кочеле важните процеси во државата и не би можеле да направат ништо добро.

„Јасно и јавно покажуваме дека СДСМ има што да понуди на овие избори. Ако направиме паралела од другата страна, вечерва ВМРО-ДПМНЕ понуди кадри коишто ништо не можат да променат, истите кадри во она што се потврди и она што го кажувавме дека во ВМРО-ДПМНЕ нема промени. Се ставаат на листа луѓе кои се носат од една изборна единица во друга, конкретно за колегата Антонио Милошоски. Министер во времето на Груевски, потоа кандидат за претседател Гордана Силјановска Давковка лице коешто трчало на едни претседателски избори и доживеала пораз, била носител на ИЕ1 на изборите во 2020 година каде што исто така доживеала пораз“ рече Каевски.

Според него, ставени се лица коишто се докажани кочничари, луѓе коишто и те како ги кочеа важните процеси во државата.

„Тука ќе ги споменам пакет мерките кои се носеа во собранието, каде сите бевме сведоци кога стоеја во ходниците и не влегоа во салата, уставните измени“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 анализа“ на ТВ24.

Каевски не е на пратеничките листи на СДСМ – тоа така вели, поради неговите семејни обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот