Топењето на поларниот мраз ја забавува ротацијата на Земјата, тоа може да има последици врз мерењето на времето
Една нова студија покажа дека загубата на мраз предизвикана од климатските промени ја прераспределува масата на Земјата толку многу што тоа може да влијае и врз промени во нејзиното вртење.
Забавувањето на ротацијата на Земјата пак следствено може да влијае на тоа како го мериме времето.
Студијата која ја пренесува „nbcnews“ покажа дека топењето на поларниот мраз – забрзан тренд предизвикан првенствено од климатските промени предизвикани од човекот – го успорува вртењето на Земјата отколку што тоа би се случувало во нормални услови.
Авторот на студијата, Данкан Агњу, геофизичар од Институтот за океанографија Скрипс на Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего, рече дека како што мразот на половите се топи, се менува концентрирана масата на Земјата.
Промената, пак, влијае на аголната брзина на планетата.
Агњу ја нарече динамиката на овој процес „лизгачка“.
Помалку цврст мраз на половите значи поголема маса околу екваторот односно околу средишната линија на Земјата.
„Она што се случува со топењето на мразот е претворање на цврстата маса во вода што, а течноста се преместува на други места на планетата“, рече Томас Херинг, професор по геофизика на Технолошкиот институт во Масачусетс кој не бил вклучен во новата студија.
Студијата сугерира, со други зборови, дека човечкото влијание е огромно.
„Тоа е некако импресивно, дури и за мене, направивме нешто што мерливо ја менува брзината на ротирање на Земјата“, рече Агњу и додава дека се случуваат работи кои се без преседан“.
Неговата студија, објавена во списанието „Nature“, сугерира дека климатските промени играат доволно значајна улога во ротацијата на Земјата за да се спротивстави на моменталниот тренд. Поради комбинација на фактори, Земјата почна да се врти побрзо во последните децении, привремен тренд што ги поттикна научниците за прв пат да размислат за одземање на една „негативна престапна секунда“ од часовниците ширум светот во 2026 година.
Но, топењето на поларниот мраз ја одложи таа можност за околу три години, според Агњу.
Ако организациите за мерење на времето на крајот решат да додадат негативна престапна секунда, прилагодувањето може да ги наруши компјутерските мрежи.
Причината поради која историски се потребни прилагодувања во престапната секунда е тоа што дури и без климатските промени, дневната ротација на Земјата се движи побавно во текот на милиони години, иако може да изгледа константна.