ВИДЕО | Миа Костова жртва на измама: Не наседнувајте на овие реклами, јас не сум поврзана со нив

Фото: Инстаграм/Миа Костова

Миа Костова, една од највлијателните Македонки на социјалните медиуми, ги извести своите следбеници дека е жртва на измама.

Имено, на интернет просторот се појави нејзино лажно интервју во кое таа промовира чај за слабеење, со бомабастичен наслов – „Тој се издува пред моите очи! Миа Костова раскажа како ослабела 18 килограми за само два месеци и го покажа рамниот стомак“.

„Кога таман помислив дека денот ќе ми биде добар, ми испратија некое интервју во инбокс, некоја реклама за чај за слабеење со мои слики. Станува збор за измислено интервју. Никој не ме контактирал, ништо што е кажано таму не е моја изјава. Ќе ви покажал дел од изјавите, а ќе ви оставам и линк до интервјуто за да го погледнете. Ако, евентуално, знаете за кого се работи, ако знаете кој стои зад оваа веб-страница и ако знаете како да се стигне до нив, ќе ве замолам да ме исконтактирате. Јас одговорно тврдам дека ништо од ова што е напишано ниту сум го изговорила, ниту сум го изјавила, ниту стојам зад било што што го имаат објавено“, изјави Костова во објавата на Инстаграм.

„Навистина не знам за што се работи. Првпат ми се случува вакво нешто. Она што можам да го забележам е дека се работи за некој многу чуден линк и можам да забележам дека дел од интервјуто делува како чуден превод на Гугл. Ќе се обидам да дознаам за што се работи. Знам дека и д-р Никола Пановски имаше исти вакви проблеми со некој производ за слабеење. Сакам само да ве замолам да не наседнувате на овие реклами затоа што јас не сум поврзана со нив“, додаде таа.

Да потсетиме, сѐ повеќе познати личности во регионот се жртви на интернет измамници, кои на овој начин доаѓаат до брза и лесна заработка. Сѐ почесто се злоупотребуваат имиња на познати лекари, модели, музичари, сѐ со цел да се продадат производи за слабеење или убавина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот