Битиќи: Ветуваме квантен скок на платите, 600 евра минимална плата до 2028 година и 800 евра со влезот во ЕУ

Фатмир Битиќи / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Ние не сакаме нашиот граѓанин да го продаваме како евтина работна сила, заврши таа ера во 2016 година. Затоа сметаме дека треба да бидат достоинствени и минималните примања и просечните плати. Во сите наши анализи се покажува дека тоа е реално остварливо, а ниту приватниот ниту јавниот сектор нема да трпи од таквото зголемување, вели Фатмир Битиќи вицепремиер за економски политики во Владата на СДСМ во интервју за „Слободен печат“.

-Кога зборуваме за платите велиме дека минималната плата во државата веќе во 2028 ќе биде на ниво од 600 евра и тоа е нешто што сметаме дека е квантен скок што ќе донесе навистина праведен и солидарен начин на вреднување на трудот во државата. Но при тоа одиме уште еден чекор понатаму и велиме со влезот во ЕУ минималната плата ќе биде 800 евра- вели Битиќи.

Според Битиќи, тоа ќе се случи првите две години од влезот во ЕУ, односно 2029 и 2030, во зависност од тоа која година ќе влеземе во ЕУ. Предвидувањата на СДСМ се дека тоа ќе се случи 2030.

-Тоа не може никој да не спречи освен опозициската ВМРО ДПМНЕ- вели Битиќи.

Овие предвидувања се однесуваат и на просечната плата која ќе биде 1100 евра во 2028, уверува вицепремиерот Битиќи.

-Тоа се истите анализи со кои во 2020 предвидовме дека просечната плата во 2024 ќе биде 34000 денари. Таа денес е 40 000, иако годината не е сè уште завршена. Затоа велиме дека при самиот влез во ЕУ просечната плата ќе достигне 1300 евра. Тоа е нешто што секој граѓанин го заслужува да го добие. Разликата меѓу нас и ВМРО ДПМНЕ е што ние ветувањата ги испорачуваме во пракса- вели Битиќи.“

Зголемувањето на платите треба да се случи и во приватниот сектор. Тој ги потсетува и стопанските комори и опозицијата дека заради нив во Собранието е бликран законот со кој се овозможува пораст на платите во приватниот сектор од 3000-9000 денари месечно, при тоа целосно ослободени од придонесите.

Во однос на помошта кон домашните компании Фатмир Битиќи вели дека од нула поддршка на домашните компании в 2016 денска се исплатени 100 милиони евра поддршка на домашните компании, а ќе бидат 180 милиони евра во наредниот период. Тие компании за четири години имаат искреирано 5000 работни места и уште толку ќе искреираат во наредните 4 години.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот