Фото: Архива/Принтскрин

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание –  јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.