Штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“, откажани и летовите меѓу Виена и Скопје

Austrian Airlines/ Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Вработените на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ од денеска почнуваат да штрајкуваат поради спор околу платите. Како што е најавено, штрајкот ќе трае до утре.

Поради штрајкот, откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно.

На официјалната веб-страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот глобално откажани се околу 400 летови и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот