Познатата платформа за дизајн, Canva, која е позната по својата целна група, корисниците кои не работат со професионалните апликации, сега ќе ја прошири својата понуда и кон корисниците кои сепак нешто повеќе се разбираат во оваа област.

Canva ја купува познатата алтернатива на Adobe, составена од три апликации под името Affinity. Оваа компанија стана позната по одличните апликации кои чинат многу помалку од тие на Adobe, а исто така се плаќаат еднаш, наместо со месечна претплата.

Дел од Affinity пакетот на апликации влегуваат Affinity Photo, Designer и Publisher. Овие апликации се директна конкуренција на Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.

Иако бројката на корисниците на Affinity не може да се спореди со таа на Adobe, компанијата има солидна група на фанови и корисници, а според Canva се работи за околу 3 милиони.

Со купувањето на Affinity, Canva ќе може да понуди вистинско и целосно дизајн решение за сите видови на корисници, од тие кои не сакаат да ги учат сериозните апликации, па се до професионалците.

Засега се најавува задржување на бизнис моделот на Affinity, а можно е и додавање на месечна претплата, паралелно со моменталната еднократна наплата за софтверот.

Од Canva најавуваат дека Affinity ќе продолжат да функционираат посебно, а може да се очекува само мала интеграција на двете платформи со тек на време.

ИЗВОРAffinity
ИЗВОР 2Canva
Претходна статијаМакедонски Телеком ја гаси старата 3G технологија
Следна статијаСо NLB Smart POS нема веќе пропуштени шанси за продажба за трговците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.