Медведев против Синер за финале на мастерсот во Мајами

Рускиот тенисер Данил Медведев/фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на мастерсот во Мајами, САД, откако во два сета го совлада Чилеанецот Николас Јари со 2:0 во сетови 6:2 и 7:6.

Медведев ја оправдуваше улогата на фаворит веќе во првиот сет во кој водеше со 3:1, и на крајот убедливо славеше со 6:2. Во вториот сет Јари пружи поголем отпор и се играше до тај-брејк во кој подобар беше Медведев со 9:7.

Медведев закажа прав спектакл во полуфиналето во кое ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.

Италијанецот и Русинот до сега играа еден против друг 10 пати, првите шест мечеви му припаднаа на Медведев, а потоа Синер триумфираше четири пати по ред.

Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме по одигрувањето на останатите четвртфинални дуели во кои се среќаваат Алкараз – Димитров и Зверев – Марошан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот