Во израелските напади врз јужен Либан има најмалку девет мртви

Границата меѓу Израел и Либан / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Во израелските воздушни напади доцна синоќа загинаа девет лица во јужен Либан, меѓу кои и спасувачи кои се подготвуваа да интервенираат по првиот напад, јавија либанските медиуми.

Со ова бројот на загинати во израелските напади вчера се зголеми на 16, бидејќи во претходниот напад беше погоден уште еден центар за итна помош поврзан со либанската сунитска организација, а седум нејзини членови беа убиени.

Во меѓувреме, шиитската екстремистичка организација Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз израелскиот град Кирјат Шмона на север, во кој загина едно лице.

Израелската армија соопшти дека погодила воен комплекс на Хезболах во Теир Харфа и „терористичка ќелија“ во Накура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот